Транспарентни податоци за пазарот на станови
kvadrat.house е независен табло-преглед што ги собира официјалните бројки за пазарот на недвижности во Македонија на едно место - без проценки и без податоци симнати од огласници.
Официјалните податоци постојат - само се закопани
Официјалните купопродажби се водат во „Регистарот на цени и закупнини“ при Катастарот, но се закопани во квартални PDF-ови без употреблив текстуален слој - ниту може да се пребараат, ниту да се копираат. Огласните сајтови, пак, прикажуваат барани цени, не склучени договори. Овој проект ги вади бројките од тие PDF-ови, ги поврзува со долгорочниот индекс на НБРМ/BIS и ги прикажува читливо на двата јазика, со точна референца до страницата од која е земена секоја вредност.
Само официјални извори
- Агенција за катастар на недвижностиРегистар на цени и закупнини · квартални и годишни извештаи
- Народна банка на МакедонијаКвартален индекс на цени на станови за градот Скопје, составен од огласени станови за продажба
- Bank for International SettlementsМеѓународна база на индекси на цени на недвижности
- FRED · St. Louis FedБесплатна API за BIS сериите (QMKN628BIS, QMKN368BIS, QMKR628BIS)
- Државен завод за статистикаПросечни плати, дозволи за градба, завршени станови
Сите вредности се извлечени директно од овие извори; ништо не е симнато од огласници.
Што е од договори, а што од огласи
Вреди да се каже јасно, бидејќи разликата е важна. Цените по општина, бројот на купопродажби и вредноста на прометот доаѓаат од Регистарот на цени и закупнини - тоа се склучени договори. Индексот на цени на становите (графиконите 1, 2 и 4) го изготвува НБРМ, но според сопствената фуснота тој се базира на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје. Значи: официјална статистика на централната банка, но составена од барани цени, не од договори. Затоа индексот го користиме за движењето низ времето, а нивоата во евра секогаш доаѓаат од Катастарот.
Колку често се обновуваат податоците
- BIS / НБРМ индексНеделно (cron, GitHub Actions)Скриптата проверува за нови квартални вредности; ако има промена, се отвора pull request. BIS објавува со задоцнување од еден до два квартали.
- Катастар (квартал)Квартално, рачноЕдинствениот извор што останува рачен. PDF-овите немаат употреблив текстуален слој, па табелите се читаат од рендерирани страници. Се ажурира околу 4-6 недели по затворање на кварталот.
- ДЗС (плати)Месечно, автоматскиПросечна нето-плата од МАКСтат табела 175, преку PXWeb API. Се користи на страницата Пристапност за споредба со движењето на цените.
- НБРМ (камата)Месечно, автоматскиПондерирана камата на новоодобрени станбени кредити во денари со валутна клаузула - доминантниот тип хипотека кај нас. Се користи во калкулаторот за 30-годишен кредит.
- Регионална споредбаНеделно, автоматскиИндекси на BIS за Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија и Словенија, преку истиот извор како скопскиот индекс.
Како е изградено
- Next.js 16 + React 19
- Tailwind CSS 4 + Base UI (coss)
- Recharts (графикони)
- next-intl (двојазичност)
- TypeScript
- Vercel (хостинг)
Секоја вредност на овој сајт има јасен извор: референца до точната страница од PDF-от или до сериите на FRED/НБРМ од каде е извлечена.
Андреј Ацевски
Имате забелешка?
Ако забележите неточност во некој број, имате идеја за нов график или сакате друг извор да се додаде, контактирајте директно преку LinkedIn.
